По настапот на Мастерсот во Шангај и на егзибицискиот турнир „Шест крала“ во Саудиска Арабија, Новак Ѓоковиќ реши да се повлече од турнирот во Париз. Мастерсот во главниот град на Франција ќе биде од 25 октомври до 2 ноември во славната „Берси арена“, но оваа година турнирот ќе биде без учеството на најтрофејниот тенисер во историјата по бројот на освоени гренд слем трофеи.
🚨🚨🚨 عاااااااجل :
انسحاب نوفاك جوكوفيتش من بطولة باريس بيرسي للماسترز
بطل باريس 7 مرات سيغيب عن البطولة للعام الثاني تواليًا. pic.twitter.com/8e6MUCDhYw
— عالم الكرة الصفراء 🎾 (@Tennis_World20) October 21, 2025
Српскиот тенисер има проблеми со повредите уште од турнирот во Шангај. И на турнирот во Ријад не можеше да даде максимална борба против Јаник Синер, а потоа го предаде мечот против Тејлор Фриц.
Ѓоковиќ се очекува да биде подготвен за турнирот во Атина, а потоа да биде дел и од завршниот Мастерс.