После Рафаел Надал, и Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирот во Мадрид кој е една од последните проверки на формата на земјени терени пред „Ролан Гарос“.
Мадридскиот Мастерс почнува на 25-ти април. Новак има проблеми со лактот, а поразот од Лајовиќ во Бања Лука потврди дека светскиот рекет број 1 не е во идеална форма.
Неиграњето во Мадрид ќе значи дека Ѓоковиќ ќе загуби 360 поени, а ќе загуби и 105 за поразот во Бања Лука. Засега е сигурен на првото место, бидејќи Алкараз и да ја одбрани титулата во Мадрид, нема да го надмине Србинот.