Ѓоковиќ го победи Чилиќ и сега веднаш мора да игра и дубл во обид да ја спаси Србија во дуелот со Хрватска

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја остави Србија со надеж за пласман во финалето на Дејвис купот, откако го победи Марин Чилиќ со 6:4, 6:2 и израмни на 1:1 во дуелот против Хрватска.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Чилиќ траеше еден час и 40 минути, а Ноле нема нема време за одмор затоа што веднаш мора да се подготви за настап во дубл, кој треба да го даде патникот во финалето.

Во дубал, Ѓоковиќ ќе биде во пар со Никола Чачиќ, а во хрватскиот дубл ќе бидат Никола Мектиќ и Мате Павиќ. Токму Мектиќ важи за најдобар играч во светот во дубл конкуренција, па Коцкестите ја имаат фаворитската улога.

- Оглас -

Најнови вести