Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Бризбејн, Австралија. Српскиот тенисер со 2:0 во сетови го победи Гаел Монфис, и си закажа дуел против Американецот Рајли Опелка.
Монфис кој во изминативе години секогаш бил редовен „муштерија“ на Ѓоковиќ, уште еднаш беше немоќен да му се спротистави на 24-кратниот освојувач на Гренд слем титули.
Нешто повеќе од еден час траеше дуелот на кој Ѓоковиќ во првиот сет направи еден брејк, за водство од 3:1 и потоа рутински стигна до 6:3. Во вториот сет Србинот продолжи во ист ритам, повторно рано направи брејк и стигна до 3:1, а потоа следуваше уште еден брејк-гем за конечни 6:3.
Ѓоковиќ се обидува сезоната да ја започне со трофеј, што би бил јубилеен 100-ти во неговата блескава кариера.
Победата на Ѓоковиќ против Монфис има посебно значење. Ова беше нивни 20 дуел и Новак доминира со 20 победи. Тоа е најдолга победничка серија во историјата на тенисот кога се работи за пресметки на двајца тенисери. на оваа листа следи Рафаел Налад кој има 18 ппобеди по ред против Ришар Гаске, потоа Бјорн Борг кој има 17 победи над Витас Герулатис. Серија од 17 победи по ред има и Иван Ленд против Тим Мајот, Роџер Федерер против Микаел Јужни и Федерер против Давид Ферер.