Новак Ѓоковиќ триумфира против Хуберт Хуркач, но загуби сет и си ја искомплицира работата околу пласманот во полуфиналето на завршниот Мастерс, кој се игра во Торино.
Светскиот рекет број 1 сега треба да навива за Јаник Синер бидејќи победа на Холгер Руне против Синер во вечерашниот меч ќе значи испаѓање на Новак. Ако победи Синер, тогаш понатаму одат Италијанецот и Србинот.