37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ѓоковиќ го понижи Надал, а еден од ретките рекорди кои остаа во сопственост на Федерер треба да падне за две недели

Новак Ѓоковиќ лошо ја започна 2024 година и по три месеци уште нема освоено ниту една титула. И покрај овој лош старт, Србинот уште е убедливо прв на АТП-листата со 9.725 поени, пред Карлос Алкарас со 8.805 поени. Трет е Јаник Синер со 8.310 поени, додека Данил Медведев, кој е четврти, е многу послаб со 5.765 поени.

За Ѓоковиќ ова е 418 недела како е на првото место на АТП-листата и сега има двојно повеќе недели како лидер на светско ниво од Рафаел Надал. Шпанскиот тенисер застана на 209 недели како лидер на АТП-листата и таа бројка сигурно нема да се смени ако се знае дека Надал е на залез на кариерата и моментално е на 64-мото место на светската листа.

Популарниот Ноле е прв на листата со 36 години и 308 дена, а сега е во мисија да го надмине рекордот на Роџер Федерер, кој последен пат беше лидер на АТП-листата со 36 години и 320 дена. Тоа значи дека Ѓоковиќ за две недели треба да го сруши овој рекорд на швајцарскиот тенисер.

Интересно е дека ако се собере збирот на поминати недели на сите актуелни тенисери е помал од тоа што Ѓоковиќ има поминато на врвот. Надал има 209 недели на врвот, потоа Енди Мареј со 41 недела, Карлос Алкарас со 36 недели и Данил Медведев, кој помина 16 недели на врвот на АТП-листата. Сите овие заедно имаат 305 недели на врвот на АТП-листата, а Ѓоковиќ е со 418, односно точно 103 недели повеќе (точно две години).

- Оглас -

Најнови вести