Новак Ѓоковиќ е најтрофејниот тенисер во историјата и според многумина, и најдобриот на сите времиња. Србинот, секако, е во рангот на најдобри спортисти на сите времиња, а интересно беше кога самиот Ѓоковиќ требаше да одбере кој е најдобар меѓу најдобрите.
Во едно квиз испрашување треба да одбере кој од двајцата легендарни спортисти е подобар, Новак имаше неколку дилеми, но на крајот се реши за тоа кој е најдобриот на сите времиња.
Прво требаше да одбере меѓу Том Брејди и Мајкл Џордан, а Ѓоковиќ го одбра Брејди, и тоа, како што рече, затоа што лично се познаваат. Потоа Брејди се најде и пред Флојд Мејведер, Конор Мекрегор, Јусејн Болт, Луис Хамилтон и Мајкл Фелпс.
Сепак, кога дојде да одбере меѓу Брејди и Лионел Меси, Ноле се реши за аргентинскиот фудбалски виртуоз. На крајот, прашањето беше Меси или Ѓоковиќ, а Новак без дилеми рече дека Лионел Меси е најдобриот.
Novak must choose between some legends 🐐❤️ pic.twitter.com/gS1geQPqQr
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 13, 2025