Ѓоковиќ го прегази Надал, па ги налути Шпанците: „Ова е премногу дури и за тебе“ (Фото)

Настанот на денот на Олимписките игри во Париз беше дуелот од второто коло на тенискиот турнир помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Србинот лесно со 6-1 и 6-4 го победи шпанскиот тенисер, а кога го освои последниот поен за победа, се сврте накај публиката и со прстот на увото покажа дека не ги слуша.

Публиката во текот на мечот беше бучна и го поддржуваше Надал, па реакцијата на Ѓоковиќ беше насочена во тој правец. Сепак, тоа не им се допадна на Шпанците, па шпанскиот весник „Ас“ го нападна србинот дека со тој потег сакал да го омаловажи Надал.

„Новак, ова беше премногу дури и за тебе, Надал тоа не го заслужува. Несоодветен гест кој ја налути цела Шпанија.“ – пишува „Ас“.

https://twitter.com/BastienFachan/status/1817915447473209458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1817915447473209458%7Ctwgr%5E58f5e3ad90cfda023d7dcfee14fded2b632d2098%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Ftenis%2Fdjokovicev-potez-razbjesnio-spance-nadal-to-ne-zasluzuje-previse-je-cak-i-za-tebe%2F240729158

- Оглас -

Најнови вести