Ѓоковиќ го растури Медведев во генералната проба пред стартот на Вимблдон

Рекордерот по бројот на Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ е подготвен за нов предизвик на големо натпреварување. Популарниот Ноле покажа дека е подготвен за нов настап на големо натпреварување, откако во пријателски дуел, убедливо со 6:3, 6:4 го победи Данил Медведев.

Овој тренинг меч беше последна проверка за Ѓоковиќ дека ќе настапи на Вимблдон. Пред само три недели Новак имаше операција на коленото и вистинска дилема беше дали ќе биде подготвен за настап на Вимблдон или ќе се чува за ЛОИ во Париз.

Со победата над Медведев, Ѓоковиќ уште еднаш на потврди својата големина и со напорни вежби, по брза постапка се врати на теренот.

„Ајде Вимблдон. Нема многу поубави чувства од тоа да се игра на Централниот терен на Вимблдон“, рече Ѓоковиќ.

Во првото коло на Вимблдон Новак  ќе ира против Вит Коприва кој е на 123 место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести