19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ѓоковиќ: Го сакав Вавринка во третото коло, колку повеќе навиваат против мене, толку подобро!

Познатиот балкански инает е тоа што го мотивира Новак Ѓоковиќ да продолжува да победува во светот на тенисот на најголемите турнири, иако има освоено сè, тој постојано си наоѓа мотивација која му помага.

Ѓоковиќ не е многу популарен кај Британците, публиката на Вимблдон често навива против него, но тој нема проблем со тоа, напротив.

„Тие ми прават услуга. Колку повеќе навиваат против мене, толку подобро, тоа ми дава мотив, така во мене будат нешто што можеби не сакаат да го видат. Добро е публиката да биде на твоја страна, но најчесто се против мене, така одредила судбината“, вели Ѓоковиќ.

Новак го коментираше и неговиот дуел со Станислас Вавринка во третото коло на Вимблдон.

„Сакав да играм против него. Тој ми има скратено две гренслем-титули, двапати ме победуваше во финалиња. Стен е супер човек, има речиси 40 години, многу операции на колената и уште добро се држи, инспирација е за сите. Да не заборавиме дека има три гренслем-титули, а бил и олимписки првак и освојувач на Дејвис купот“, додава Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести