Отвореното првенство на Австралија останува единствениот гранслем на кој Карлос Алакрас никогаш не стигнал до полуфиналето откако Шпанецот денеска загуби од Александер Зверев со 3:1 во сетови. Овој пораз на Алкарас го слави и Новак Ѓоковиќ затоа што Србинот сега е сигурен дека останува прв на АТП светската ранг-листа и по завршување на првиот гранслем за оваа сезона.
Пред стартот на турнирот, Ѓоковиќ имаше 11.055 поени, а вториот Алкарас беше со 8.855 поени. Фактот дека Шпанецот минатата година не играше на овој турнир, а Ѓоковиќ го освои и брани максимален број поени, значеше дека Алкарас можеше да стигне до првото место на АТП-листата само треба да стигне подалеку од Србинот на турнирот во Мелбурн.
Ѓоковиќ е дел од полуфиналето, Алкарас веќе може да ги пакува куферите за дома, што значи дека и по завршување на овој турнир, Србинот ќе остане најдобар во светот. Доколку Ноле триумфира, ќе има дури 1.840 поени повеќе од Алкарас.
Најдобриот тенисер во светот во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер, а во второто полуфинале ќе се сретнат Данил Медведев и Александер Зверев.