Новак Ѓоковиќ со убедливи 3:0 во сетови го победи шпанскиот тенисер Запата Мираљес и обезбеди место во третото коло на гренслем-турнирот во Њујорк. Рекордерот по бројот на освоени грендслем-трофеи за два часа го победи Запата Мираљес, и тоа со 6:4, 6:1, 6:1.
Шпанецот само во првиот сет успеа да му даде некаков отпор на фаворитот, но еден брејк беше доволен за Ѓоковиќ да го добие сетот со 6:4.
https://twitter.com/i/status/1696961496255697341
Во вториот и третиот сет Новак беше многу поубедлив и лесно ги доби тие два сета со идентични 6:1. Во следното коло, Новак ќе игра против неговиот сонародник Ласло Ѓер.
Од вечерва одиграните мечеви, најголемото изненадување се случи со елиминацијата на Гркот Стефанос Циципас, и тоа од 128-миот на АТП-листата, Доминик Страјкер од Швајцарија, со 5:7, 7:6, 7:6, 6:7, 3:6.