Ѓоковиќ го загуби првиот сет, а потоа се налути и го помина третото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ успешно го помина и третото коло на Вимблдон, откако во меч кој траеше нешто повеќе од три часа, со 3:1 во сетови го победи Алекс Попирин од Австралија.

По 16-ти пат Ѓоковиќ е меѓу најдобрите 16 на овој Гренд слем турнир. Во следното коло Ноле ќе игра против Холге Руне, кој вечерва со голем пресврт од 0:2, стигна до 3:2 и се избори за меч против Србинот.

Во првиот сет Попирин изненади и со 6:4 поведе со 1:0. Тоа како да беше знак Ѓоковиќ да заигра многу подобро, па во следните три сета фаворитот беше подобар со 6:3, 6:4 и 7:6.

РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ МЕЧЕВИ

- Оглас -

Најнови вести