Ѓоковиќ го загуби првиот сет против 193-тиот тенисер на светот, па мораше да се вади во супер тајбрејкот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари триумф на егзибицискиот турнир во Дубаи иако го загуби првиот сет против 193-тиот тенисер на АТП ранг-листата, Себастијан Офнер.

Ѓоковиќ првиот сет го загуби во тајбрејкот иако добро го започна и поведе со 3:0, но Офнер возврати и славеше со 7:5.

Во вториот сет, Новак покажа зошто е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, не му дозволи на Австриецот да освои ниту еден гем и го однесе мечот во супер тајбрејк, кој го доби со 10:7.

- Оглас -

Најнови вести