Ѓоковиќ го здроби Гркот, следен е Бугаринот

Новак Ѓоковиќ немаше милост против Стефанос Циципас и за помалку од еден час го победи во четвртфиналето од АТП турнирот во Париз со 6:1, 6:2. Србинот ги има последните неколку дена како светски рекет број 1, бидејќи од понеделник Рафаел Надал ќе застане на тронот.

Ѓоковиќ против Циципас покажа доминантна игра како во најдобрите мечеви. Во првиот сет водеше со 5:1, а Циципас сепак освои еден гем. Во вториот сет, Гркот поведе со 1:0, но повторно следуваат пет гема во низа за Новак и беше јасно кој ќе игра во полуфиналето.

Следен ривал за популарниот Ноле е Бугаринот Григор Димитров, кој со 6:2, 7:5 го победи Кристијан Гарин. За Ѓоковиќ ќе биде вистински предизвик мечот против Димитров, бидејќи против овој ривал досега има само една победа.

 

- Оглас -

Најнови вести