16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Ѓоковиќ: Големата цел ми е да го освојам „Ролан Гарос“!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, рече дека главната амбиција во сезоната на земјена подлога е да биде во врвна форма за парискиот „Ролан Гарос“ и да го освои овој гренслем.

Ѓоковиќ го освои првиот гренслем годинава, оној во Австралија, а откако ги пропушти Мастерсите во САД, каде што не му дозволија да игра бидејќи не е вакциниран против Ковид-19, сега се врати на терените и игра во Монте Карло.

Новак го има освојувано турнирот во Монте Карло во 2013 и 2015 година, а денеска игра со квалификантот Иван Гаков. Но, ова ќе му биде само загревање и првично темпирање на формата за главниот настан, „Ролан Гарос“, кој почнува на 28 мај.

- Оглас -

Најнови вести