Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Австралија опен, откако со 3-2 славеше над Јаник Синер во полуфиналето кое траеше над четири часа.
Италијанецот кој седумпати по ред го победуваше Ѓоковиќ имаше водство од 2-1 по три сета, а навивачите на Србинот во тие моменти беа загрижени бидејќи тој започна да повраќа, да губи свест и се чинеше дека веќе нема сили да го продолжи натпреварот.
Сепак, 39-годишниот Србин најде сили, се врати на теренот и ги доби следните два сета со идентични 6-4 за 11-то финале во Мелбурн.




