Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас според ждрепката за турнирот во Мајами може да играат само во полуфиналето, сепак до нивна средба дојде и многу порано, но на еден од тренинзите. Двата тениски аса срдечно се прегрнаа и поразговараа, а камерите го снимија моментот.
Шпанецот со голем респект му пријде на српскиот тенисер и го поздрави со „брат“. Алкарас имаше и краток разговор со Енди Мареј.