12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Ѓоковиќ и без играње, за брзо време може да се врати на врвот на АТП-листата

Карлос Алкарас со триумфот на Индијан Велс дојде до врвот на АТП-листата. Шпанецот беше одличен на Мастерсот и го потисна Новак Ѓоковиќ, кој сега е на второто место. Србинот, кој е апсолутен рекордер по бројот на поминати недели на врвот на АТП-листата, нема да може да игра ниту на Мастерсот во Мајами, но и покрај тоа, има шанси за брзо време да се врати на врвот на листата.

Алкарас, кој лани победи на Мастерсот во Мајами, ќе брани максимален број поени, па доколку не успее повторно да триумфира, Ѓоковиќ на 3 април повторно ќе биде најдобар на листата.

Во 21 век само тројца тенисери успевале да победат на Индијан Велс и Мајами во иста година. Тоа им успеало на Андре Агаси во 2001 година, трипати на Роџер Федерер (2005, 2006 и 2007), како и рекордните четири двојни титули на Ѓоковиќ во 2011, 2014, 2015 и 2016 година.

Разликата меѓу Алкарас и Ѓоковиќ моментално е само 260 бода, па ако Шпанецот не ги одбрани максималните бодови освоени лани во Мајами, Новак повторно ќе биде број 1 во светот на 3 април.

- Оглас -

Најнови вести