Фудбалскиот натпревар помеѓу ЛА галакси и Интер Мајами привлече многу ѕвезди на трибините на стадионот во Лос Анџелес, а меѓу нив и Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер на сите времиња е во Калифорнија, каде што наскоро ќе почне настап на турнирот во Индијан Велс, па најде време да оди и на стадион да го гледа Лионел Меси.
Ѓоковиќ таму се сретна и со својот сонародник и спортска легенда, екскошаркарот Владе Дивац, кој одамна живее во Градот на Ангелите. Двајцата имаа задоволство во живо да изгледаат меч на кој голови постигнаа нивниот сонародник Дејан Јовељиќ и славниот Лионел Меси.
https://twitter.com/i/status/1761936150430933313