Главните фаворити за трофејот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се пласираа во четврт-финалето на неофицијалното светско тениско првенство. Првиот носител Ѓоковиќ му препушти само осум гема на Уго Хумберт за победа од 6:3, 6:2, 6:3. Французинот, кој е на 66-тото место на АТП листата, едноставно не можеше да му парира на Србинот, па мечот заврши само за 104 минути.
Ако Ѓоковиќ беше убедлив и загуби осум гема, Федерер беше уште помоќен. Швајцарецот буквално го збриша Италијанецот Матео Бератини само за еден час и 15 минути игра. Федерер славеше со 3:0 во сетови, и тоа со 6:1, 6:2, 6:2. Ова е една од најбрзите победи на дуел од осминафинале на Вимблдон.
За Федерер ова беше 99-та победа на Вимблдон, што значи дека во следното коло Швајцарецот ќе има двоен предизвик. Освен пласманот во полуфиналето, Роџер ќе атакува и на јубилејната 100-та победа на овој гренд слем.
.@Wimbledon Win No. 99 ✔️ @rogerfederer charges past Matteo Berrettini 6-1, 6-2, 6-2. #Wimbledon pic.twitter.com/hQfsqPFEA4
— ATP Tour (@atptour) July 8, 2019