Ѓоковиќ и Надал во 2006 година прв пат играа меѓу себе во Париз, сега нивниот 60-ти дуел повторно ќе биде таму!

Најтрофејните тенисери според бројот на освоени гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Нада, ќе играат меѓу себе на ЛОИ во Париз. Ова ќе биде дуел кој сигурно ќе предизвика поголемо внимание и од самото финале, без разлика кој ќе игра во мечот за златото.

Овие двајца тенисери заедно имаат освоено 46. Во витрините на Србинот има 24 трофеи, а кај Рафа се 22. Интересно е дека за Ѓоковиќ и Надал ова ќе биде јубилеен 60-ти меѓусебен дуел. Во досегашниот скор, Новак е малку подобар и има 30 победи, а Шпанецот се радувал 29 пати.

Кога се работи за играње во Париз, едноставно Надал е „Кралот“, кој има дури 14 титули освоени на Ролан Гарос. Уште пред неколку месеци Ѓоковиќ најави дека за оваа година примарна цел му е освојување на златото на ЛОИ, единствено кое му недостасува во кариерата.

Тоа што е посебно интересно е дека Ѓоковиќ и Надал првиот меѓусебен дуел го имаа токму во Париз и тоа во далечната 2006 година. Од тогаш до сега одиграа 59 пати, за да сега, јубилејниот 60 меч повторно да го играат во Париз и тоа на ЛОИ. Според многумина, овој нивни дуел може да биде и последен.

Еве како изгледаа нивните пресметки низ овие 18 години.

- Оглас -

Најнови вести