27.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Ѓоковиќ и официјално го пресели турнирот „Белград Опен“ во Атина

Тенискиот турнир „Белград Опен“, кој беше планиран за ноември 2025 година, нема да се одржи во главниот град на Србија, туку ќе биде префрлен во Атина.

Семејството Ѓоковиќ, кое ја поседува лиценцата за овој АТП турнир, донесе одлука натпреварувањето годинава да се одржи во Грција.

„И покрај големата посветеност и вложените напори, не беше можно да се обезбедат условите за реализација на турнирот во планираниот термин и формат, поради што е одлучено овогодинешното издание да не се одржи. Организацијата на турнирот од 2021 година досега успешно реализираше девет турнири под различни брендови, вклучувајќи пет AТП 250 турнири, еден ВТА 250, еден ВТА 125, еден АТП Челенџер 125 и еден ИТФ турнир“, стои во соопштението од организаторите, кои им се заблагодаруваат на партнерите и спонзорите за поддршката.

„Горди сме на сѐ што досега е постигнато и сме благодарни на сите кои беа дел од овој проект – пред сѐ на партнерите, спонзорите и публиката која ни пружи огромна поддршка. Организацијата останува посветена на тенискиот развој во Србија и ќе продолжи да работи на создавање услови професионалните турнири во иднина повторно да се одржуваат во Белград“, се додава во соопштението.

Промената е потврдена и на официјалната веб-страница на АТП, каде што стои дека турнирот ќе се одржи од 2 до 8 ноември во Атина.

- Оглас -

Најнови вести