Ѓоковиќ и официјално се откажа од настап во Синсинати, нема шанси да игра и на САД опен

Новак Ѓоковиќ и официјално се откажа од настап на АТП турнирот во Синсинати, кој е дел од серијата американски турнири пред стартот на последниот гренслем во сезоната, познатиот САД опен.

Претходно Новак се откажа и од учество на уште еден турнир од Мастерс серијата, во Монтреал кој е во тек.

Ова е сигурен знак дека 21-кратниот гренслем шампион нема да игра во Њујорк, на Отвореното тениско првенство на САД од 29.август до 13. септември, а причината е позната, не е вакциниран против Ковид-19 и не може да влезе во земјата.

 

- Оглас -

Најнови вести