Ѓоковиќ и Осака први носители на Отвореното првенство на САД

Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака се први носители во своите конкуренции во пресрет на Отвореното првенство на САД. Бранителите на трофеите, кои исто така се лидери на АТП, односно ранг-листите на ВТА, имаат најголеми шанси повторно да бидат тениски шампиони на САД.

Во машка конкуренција, редоследот е ист како и според ранкингот, по Ѓоковиќ, се: Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим и Данил Медведев во топ 5. Следуваат Александар Зверев, Кеи Нишикори, Стефанос Циципас, Карен Хачанов и Роберт Баутиста-Агут како првите 10 носители на американскиот Гренд слем.

Кај жените, по носителката Осака, следуваат: Елши Барти, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Елина Свитолина, Петра Квитова, Кики Бертанс, Серена Вилијамс, Арина Сабаленка и Медисон Кијс.

Натпреварите од првото коло стартуваат на 26 август, понеделник.

- Оглас -

Најнови вести