32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Ѓоковиќ и Рита Ора заедно на рагби, им се лутат националистите (Видео)

Пејачката Рита Ора и тенисерот Новак Ѓоковиќ случајно седеа еден до друг за време на финалето на Светското првенство во рагби и разговараа, а тоа изненади многумина.

Натурализираната Британка Ора е родена на Косово и често позира како „лета орел“ што е албански симбол, па во некои албански медиуми има замерка до неа што е блиска со човек кој го сметаат за српски националист, и ја обвинуваат за лаже патриотизам.

Од друга страна, има такви кои на Новак му префрлаат зошто седи до некоја што промовира независно Косово.

Веројатно беа свесни дека ќе има критики за нивна адреса, но не делуваше дека се загрижени, напротив, добро комуницираа, се смееја, и го гледаа финалето во кое загуби Нов Зеланд, земјата од која е сопругот на Рита Ора.

Еве го моментот кога сфатија дека се видени заедно во ложата:

https://twitter.com/i/status/1718362039607869913

- Оглас -

Најнови вести