Ѓоковиќ и Сабаленка направија ново шоу на Вимблдон, овојпат на прес-конференција

Додека Арина Сабаленка зборуваше пред новинарите на прес-конференција во Лондон по повод почетокот на гренслемот Вимблдон, влета Новак Ѓоковиќ и на шега рече: „Ајде излегувај, половина час те чекам“.

Потоа Новак пред новинарите ѝ порача на Сабаленка дека е одлична, има потенцијал и добри удари, но ѝ фали интензитет на теренот и мора да уфрли повеќе сила.

Сабаленка стана и застана на страна, па им рече на новинарите: „Овој лик порано ми беше омилен тенисер, но веќе не ми е. Ве молам притиснете го со прашања“, рече на шега Белорусинката.

Потоа Ѓоковиќ беше испрашуван за теми како „последниот танц“, преселбата во Грција.

Новак рече дека не знае кога ќе се повлече, а сака да игра уште неколку години. Тој негираше дека ќе се пресели во Грција.

„Бев во Атина со сопругата бидејќи со години не сме биле во Грција. Се сретнавме и со премиерот, тоа беше повеќе одмор. Училиштето кое го посетивме е поврзано со напата Фондација. Моментно не планираме да живееме во Грција, но којзнае што ќе ни донесе иднината“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести