17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Ѓоковиќ и третпат казнет во Шпанија поради дивоградба

Новак Ѓоковиќ се соочува со нови проблеми во Шпанија, поврзани со изградбата на неговата вила. Општинските власти тврдат дека делови од вилата се изградени надвор од издадената дозвола и бараат од Србинот да ги отстрани.

Најдобриот тенисер во историјата приложил два документи со кои се обидел да докаже дека вилата не е дивоградба, но тоа не било прифатено од страна на властите, па повторно, по третпат, му е изречена казна.

Висината на казната е 15.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести