Ѓоковиќ и Троицки ѝ донесоа прва тениска титула на Србија (Видео)

Репрезентацијата на Србија го освои АТП купот, а Новак Ѓоковиќ покажа дека е во идеална форма пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија. Популарниот Ноле денеска најпрвин го совлада Рафаел Надал и на Србите им донесе изедначување, а во решавачкиот меч во двојки, Ѓоковиќ во тандем со Виктор Троицки, ги порази Фелисијано Лопес и Пабло Карењо Буста со 6-3, 6-4.

Мечот се играше во Сиднеј, српските тенисери имаа голема поддршка од трибините, а ова е историски трофеј за нив, затоа што е прв во постоењето на новоформираниот АТП куп. На патот до титулата, нашите соседи ги победија Јужна Африка, Франција, Чиле, Канада, Русија и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести