Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Рим, каде вечерва за противник ќе го има Каспер Руд од Норвешка. Србинот е голем фаворит против тенисерот кој е на 10 место на АТП листата и против кого играл два пати и без проблеми го победувал.
Сепак, денешниот меч ќе биде посебен за Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на АТП листата досега во кариерата има 999 победи и само 203 порази. Тоа значи дека ако денеска слави, Ѓоковиќ ќе се израдува на јубилејната 1.000 победа во кариерата.
https://twitter.com/i/status/1525231014876008455
Ако се спореди со Роџер Федерер, Швајцарецот во кариерата има 1.251 победа и 275 порази, додека Рафаел Надал е со 1.051 триумфи и само 212 порази.
Освен дуелот, Ѓоковиќ – Руд, денеска во полуфиналето на Мастерсот во Рим ќе играат и Циципас против Зверев.