Новак Ѓоковиќ по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија не бараше оправдување за слабиот настап и спортски го призна поразот, а српскиот новинар Лука Николиќ во еден подкаст откри дека најдобриот тенисер на светот против Италијанецот играл болен.
„Новак крена температура ноќта пред полуфиналето. Нешто слично на она што го имаше Зверев. Беше болен три недели, а потоа повторно го фати некој вирус. Јака настинка. Не може да се игра добро со температура, но не сакаше да оди на лекар за да не го откријат новинарите и да не се прочуе дека е болен“, рече Николиќ.