Ѓоковиќ играше три часа и се мачеше против Ѓере и на крајот се пласира во четвртфинале на Отвореното првенство на Србија

Новак Ѓоковиќ по речиси три и пол часа борба, успеа да го победи Ласло Ѓере и да се пласира во четвртфиналето на Отвореното првенство на Србија.

Најдобриот српски тенисер мораше да игра два тај брејка против помладиот сограѓанин, па на крајот да слави со 2:6, 7:6 (8:6), 7:6 (7:4). Ласло во неколку наврати можеше да дојде до победата во Белград, но едноставно квалитетот дојде до израз во одлучувачките моменти.

Во наредната, четвртфинална фаза на АТП-турнирот во Белград, Новак ќе се соочи со уште еден Србин, Миомир Кецмановиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести