35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ѓоковиќ им „засвири на виолина“ на Англичаните, реакциите беа различни (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон и тоа по јубилеен 10 пати. Карлос Алкарас ќе биде противникот на Ѓоковиќ во обидот да стигне до уште една голема титула.

На патот до финалето, Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го победи Лоренцо Мусети. По завршување на дуелот, Србинот реши да ги „поздрави“ гледачите на трибините со тоа што го сврте рекетот како да е виолина и почна да „свири“. Дел од гледачите со аплауз ја проследија оваа постапка на Ѓоковиќ, а друг дел негодуваа и му свиреа, додека тој уживаше со „виолината“.

https://twitter.com/i/status/1811836851893760384

Пред само 37 денови Ѓоковиќ имаше операција на коленото, а сега ќе игра во финале на најважниот тениски турнир.

„Имаше многу сомнежи по операцијата. Дојдов во Лондон осум дена пред почетокот на турнирот и воопшто не знаев дали ќе играм. Додека не се случи ждрепката, Сите опции беа отворени. Одигравм неколку тренинг сетови со дел од најдобрите тенисери и тоа ми покажа дека сум доволно подготвен да настапам и да стигнам далеку“, рече Ѓоковиќ по победата во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести