Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва ќе ја започне одбраната на титулата на последниот Гренд слем во годината, Отвореното првенство на САД. Популарниот Ноле, кој е и број 1 на АТП-листата, не би требало да има никаков проблем во дуелот против Роберто Баена. Шпанецот е голем аутсајдер, но вели дека за него е голема чест што ќе игра на Централниот терен.
„Ова ќе биде големо искуство за мене. Првпат ќе играм на Централниот терен, и тоа против светскиот рекет број 1. Ќе се обидам да одиграм најдобро што можам и да уживам во мечот“, рече Баена.
Ѓоковиќ на последните неколку дена од подготовките се пожали на болки во нозете, но подоцна самиот изјави дека не се работи за ништо сериозно и дека не би требало тоа да му создаде проблем.
Од големите фаворити, вечерва ќе игра и Роџер Федерер. Швајцарецот за противник го има Нагал од Индија, кој е на 190-то место на АТП-листата и не само што не би требало да има проблеми, туку се очекува во што е можно побрзо време да биде решен патникот во второто коло.
Сонародникот на Федерер, Стен Вавринка игра против Синер од Италија, а Томас Бердих е еден од оние кои меѓу првите ќе се појават на теренот. Сите мечеви од првото коло на Отвореното првенство на САД може да ги погледнете и да се обложите на понудата на Sport Life.