Новак Ѓоковиќ во моментов е во Мелбурн и рано изутрина по македонско време ќе го одигра мечот против Ечевери од третото коло, но на официјалната прес-конференција зборуваше за поврзаноста која ја има кон едно дрво во Мелбурн.
Србинот веќе 15 години го посетува дрво кое се наоѓа во ботаничката градина во центарот на Мелбурн, а сега и објасно зошто е тоа така.
– „Постои едно дрво со кон кое имам специјален однос во изминативе 15 години. Го сакам секој дел од ботаничката градина и мислам дека ова е големо богатство на Мелбурн што има таков парк во центарот на градот. Поврзан сум со тоа дрво, едноставно ми се допадна. Тоа е тоа, сега сме поврзани. Ми се допаднаа корените, стеблото, гранките и се останато.“ – рече Ѓоковиќ на големо изненадување на сите.