27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Ѓоковиќ има нова голема мотивација за да освои уште некој гранслем

Новак Ѓоковиќ сака својата доминација да ја потврди со уште некој рекорд, а прв на листата му е да стане највозрасниот победник на гранслем-турнир во отворената ера на тенисот.

Србинот за две недели ќе наполни 38 години и ако успее да освои еден од четирите најважни турнири на светот, ќе стане најстариот победник. Интересно е дека Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер последната гранслем-титула ја освоија на иста возраст, кога имаа по 36 години. Рекордот на најстар победник го држи Кен Розвел, кој триумфираше на Отвореното првенство на Австралија во 1972 година, кога имал 37 години, 1 месец и 24 дена.

Сега Новак е постар од него и има прилика со „еден удар да утепа две муви“, да стане првиот и единствен во историјата со 25 гранслем-титули и да стане највозрасниот освојувач на гранслем. Ѓоковиќ има 24 гранслем-титули, од кои половината ги освои по неговиот 30-ти роденден.

- Оглас -

Најнови вести