Ѓоковиќ има сè поголема поддршка за настап на Отвореното првенство на САД, но сега е веќе јасно дека пропаднаа сите шанси да игра

Новак Ѓоковиќ сигурно нема да игра на последниот гренслем-турнир во сезоната, на Отвореното првенство на САД по денешното соопштение на организаторите на турнирот.

„Немаме мандат да одлучуваме за вакви ситуации и затоа мораме да ја почитуваме одлуката на Владата на САД која се однесува на вакцинираните и невакцинираните и нивниот влез во земјата“, соопштија од раководството што го организира гренслемот во Њујорк.

А, позицијата на Американската влада е јасна, не дозволува невакцинирани луѓе кои не се државјани на САД да влезат во земјата, што автоматски значи дека актуелниот шампион на Вимблдон нема да игра на терените на „Флешинг Медоуз“.

 

Од спортски аспект, вистинска штета е што Новак нема да игра на Отвореното првенство на САД, а имаше надежи по сè поголемиот фронт од обични луѓе, спортисти, тенисери… кои бараа 21-кратниот гренслем-шампион и еден од најдобрите тенисери на сите времиња да игра во Њујорк.

Ѓоковиќ е невакциниран и јасно е дека нема да се обиде да ја повтори епизодата со Отвореното првенство на Австралија, кога се обиде да влезе со медицинска белешка за изземање од вакцинација, па заглави дури и во затвор за мигранти во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести