Ѓоковиќ има уникатен ривал на Вимблдон, Французинот е ѕвезда на интернет страна за возрасни

Александре Милер е тенисерот кој моментално е рангиран на 41 место на АТП ранг-листата, кој е и првиот противник на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Искусниот Милер никогаш досега не поминал повеќе од едно коло на Вимблдон во 12 години на кои настапил.

Освен тенисот, Милер во последните неколку години има многу поголема база на навивачи на интернет страната за возрасни „OnlyFans“. Самиот Милер се опишува како „најсексипилниот професионален тенисер од Франција“.

Во тениската кариера Милер има заработено над три милиони евра, но очигледно дека не е на одмет да заработи плус пари преку интернет страницата на која често има и фотографии со експлицитна содржина.

Четвртиот најдобар тенисер од Франција вели дека организаторите на страницата се обидуваат да го променат својот имиџ и дека тој претпочита да прикажува снимки од зад сцената од турнири низ целиот свет. Како што рече, не прави ништо освен повремена фотографија во топлес од теретана.

Сепак, нему не му е дозволено да објавува содржини од соблекувалните на Вимблдон и може да создава содржини само во јавни простори.

Во разговор за „СанСпорт“, Милер рече: „Мојот агент ми кажа дека „ОнлиФанс“ сака да ме поддржува. Секако, си помислив, дали е малку непријатно да се потпише договор со OnlyFans? Тие поддржуваат многу играчи како голфери, боксери, борци на UFC… На почетокот, моите пријатели ми се смееја. Потоа им ја покажав мојата платформа и тие рекоа: „Добро, навистина е кул.“ „Сите сакаат да се регистрираат сега“, објаснува Милер, кој утре попладне треба да излезе на тениски мегдан со легендарниот Новак Ѓоковиќ. Србинот има 25 Гренд слем титули и е рекордер во оваа категорија.

- Оглас -

Најнови вести