Ѓоковиќ имаше многу проблеми, па се развика: Не можам да дишам, дали го гледаш тоа

Најдобриот тенисер на сите времиња, а моментално трет на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, е елиминиран уште во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Ѓоковиќ загуби од 14 години помладиот ривал Џек Драјпер, кој е на 14-тото место на АТП-листата во моментов. Србинот загуби со 2:1 во сетови, во меч кој траеше повеќе од два и пол часа, а беше виден и еден од најдобрите поени во историјата на овој спорт.

Во текот на мечот Ѓоковиќ се жалеше на болки во стомакот и проблеми со дишењето, а во еден момент кон неговиот тренер Борис Бошњаковиќ се развика: „Не можам да дишам, го гледаш ли мечот“. Потоа Ноле и опцу во нервоза.

Статистиката по мечот покажа дека Ѓоковиќ на крајот имал освоено еден поен повеќе од Дрејпер, но сепак го загуби дуелот.

„Имав проблем со стомакот и проблеми со дишењето. Не би сакал сега за тоа да зборувам. Еден поен го реши мечот, неколку удари. Не ни ја знаев статистиката дека имам освоено еден поен повеќе од противникот. Навистина големо разочарување затоа што дадов сè од себе да се вратам во мечот. Имав многу вакви победи, но и многу вакви порази во кариерата. Честитки затоа што противникот остана смирен до крајот. Тоа што го направив на овој турнир не е доволно за моите стандарди и очекувања“, рече Ѓоковиќ по поразот и елиминацијата од Индијан Велс.

- Оглас -

Најнови вести