23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ѓоковиќ имаше среќа на ждрепката: Двајцата најголеми ривали се на спротивниот дел од турнирот

Новак Ѓоковиќ по пауза од пет години, повторно ќе учествува на Индијан Велс. Србинот изјави дека ова е еден од неговите омилени Мастерс турнири, каде што го „врзуваат“ убави спомени бидејќи петпати го има освојувано овој турнир.

На ждрепката која беше направена, Ѓоковиќ имаше среќа да ги избегне Јаник Синер и Карлос Алкарас. Синер и Алкарас се најдоа во спротивната страна од турнирот, што значи дека тие може да играат со Србинот само во евентуалното финале.

Како прв носител, Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а потоа без многу проблеми треба да ги помине следните три кола. Во четвртфиналето како можен ривал на Ѓоковиќ се споменува Хуберт Хуркач, а во полуфиналето се чека пресметка со Данил Медведев.

 

 

- Оглас -

Најнови вести