Српската двојка Новак Ѓоковиќ-Никола Чачиќ загуби во првото коло на Мастерсот во Синсинати од Џејми Мари и Мајкл Венус со 2:0 во сетови. Дуелот траеше само еден час и шест минути, а српската двојка откако не успеа да искористи брејк, потоа падна во играта и тоа го искористија противниците, кои лесно победија.
Сепак, за Ѓоковиќ допрва следува главното, а тоа е турнирот во сингл. Србинот е слободен во првото коло, а во второто коло ќе игра против Алехандо Давидович Фокина. Овие двајца тенисери имаат четири меча зад себе и резултатот е 3:1 во корист на Србинот. Фокина успеа да го победи Ѓоковиќ минатата година на Мастерсот во Монте Карло.