Ѓоковиќ испишува историја, триумфира на Ролан Гарос за историска 23-та грен слем титула 

Новак Ѓоковиќ по третпат во кариерата триумфира на Ролан Гарос откако во финалето во 7:6,6:3,7:5 го победи Каспер Руд. Ова е вкупно 23-та грен слем титула за Новак, со што го помина Рафаел Надал, на листата на тенисери со највеќе грен слем титули, кој остана на 22 трофеи од четирите најважни тениски турнири.

Покрај трите триумфи на Ролан Гарос, Ѓоковиќ има 10 победи на Австралија опен, седум на Вимблдон и три на САД опен.

Неговиот противник, Каспер Руд, втора година по ред губи во финалето на гренслем турнирот во Париз, минатата година подобар од него беше Рафаел Надал и тоа во три сета (6:3,6:3,6.0).

https://twitter.com/i/status/1667917565652336643

Првиот сет беше спектакуларен и траеше дури 81 минута. Неверојатната борба на двајцата тенисери заврши во тај-брејкот кој Ѓоковиќ го освои со убедливи 7:1. Интересно е што ова беше шести тај-брејк за Новак на Ролан Гарос годинава и сите шест ги доби.

Руд подобро го започна финалето и веднаш направи брејк и поведе со 3:0, но Ѓоковиќ успеа да се врати во игра и во седмиот гем го одзеде сервисот на Руд. Потоа двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, се до тај-брејкот, каде доминираше Ѓоковиќ.

Во вториот сет на Ѓоковиќ му беше доволен еден брејк за да го поведе со 2-0. Него го направи во вториот гем и потоа со сигурен сервис ја чуваше предноста и на крајот победи со 6:3.

Во третиот сет, првата шанса за брејк ја имаше Ѓоковиќ во третиот гем, но Руд со одличен сервис успеа да се извлече, по што тенисерите беа сигурни се до 11-тиот гем кога Ѓоковиќ одигра одлично на сервис на Руд и дојде до три брејк топки. Србинот ја искористи првата и поведе со 6:5. Во следниот гем, со сигурен сервис, ја потврди победата, што воедно значеше и 23-та гренслем титула за Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести