По поразот во епскиот натпревар со Доминик Тим, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за место во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон ќе мора утре да го совлада Роџер Федерер.
Тим доби четири од последните пет натпревари против Ѓоковиќ.
„Доминик играше храбро, многу силно го удираше топчето. Цел меч го одигра на исто ниво. Морам да му честитам, не сум играл против многу тенисери кои одеа агресивно на секој поен. Играше неверојатно, секое удирање му беше силно и прецизно. Знаев дека Доминик игра добро, но овојпат беше феноменален“, изјави Ѓоковиќ, кој загуби и од Федерер, ќе се прости од првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ против Федерер има 26 победи и 22 порази, ги доби и последните четири пресметки против Швајцарецот, од кои една во легендарното финале на Вимблдон во пет сета.