22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ѓоковиќ изненади многумина со својата објава во врска во САД опен

Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД кое се игра од 24-ти август до 7-ми септември ќе се обиде да ја освои 25-тата гренслем титула во кариерата, а објави дека во Њујорк ќе игра во комплетно црна опрема.

Тенисот го нарекуваат и „бел спорт“, особено на Вимблдон има дрес код според кој сите мора да се облечени во бело, а Новак реши во САД да игра во сосема поразлична боја на опрема, онаа најтемната.

Српскиот тенисер токму на САД опен ја освои својата последна 24-та гренслем титула, во 2023 година.

Ѓоковиќ обично игра облечен во светли бои, па затоа многумина се изненадија со одлуката да игра во црна варијанта и делува како да сака да испрати порака дека е „човек во црно испратен на мисија“.

- Оглас -

Најнови вести