Новак Ѓоковиќ утринава ја оствари втората победа во низа по враќањето од повредата на рамото, со 6-3, 7-5 го совлада домаќинот Го Соеда на АТП-турнирот во Токио за пласман во четврт-финалето. Двајцата тенисери приредија доста возбудлив дуел, а го одиграа и еден од најинтересните поени во досегашниот дел од турнирот.
Ѓоковиќ и Соеда разменија 31 удар, а поенот првично беше доделен на Јапонецот, на што првиот светски рекет побара „челинџ“. Судијата прво го одби, но откако Србинот докажа дека еден од линиските судии викна „аут“, се покажа дека Ѓоковиќ бил во право што побарал да се прегледа поенот.
За жал, тоа не му помогна многу бидејќи го загуби гемот и испушти три меч-топки, за подоцна да слави со 7-5 во вториот сет.