23.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Ѓоковиќ ја донесе одлуката која сите ја чекаа, дали ќе игра на ЛОИ во Париз

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Летните олимписки игри во Париз кои ќе се играат во период од 26 јули до 11 август. Српскиот тенисер се најде на репрезентативниот список, иако моментално се рехабилитира по повредата здобиена на Ролан Гарос.

Популарниот Ноле го повреди менискусот на десното колено, поради што мораше да замине и на операција, но тенисерот веќе е во полн ек на рехабилитација и се очекува да биде подготвен за предизвикот наречен Олимписки игри.

Освен Ѓоковиќ од српските тенисери во Париз ќе игра и Душан Лајовиќ. Ѓоковиќ нема да настапи на Вимблдон, но очекува да биде стоотсто подготвен на настапот на ЛОИ. Токму златниот медал од Олимписки игри е единствениот голем трофеј што му недостасува на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести