18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ѓоковиќ ја нападна АТП: Срамота е во 21 век да има вакви смешни одлуки!

Многу контроверзи во светот на тенисот предизвика ситуацијата на Мастерсот во Синсинати, благодарение на која Британецот Џек Дрејпер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Дрејпер стигна до победата во осминафиналето поради голема грешка на судиите. По еден скратен удар од Оже-Алијасим, Дрејпер тргна кон мрежата, топката удри во неговиот рекет, а потоа се одби од подлогата во противничкото поле.

Меѓутоа, за судијата кој тоа не го забележа, немаше ништо спорно, а Дрејпер тврдеше дека и тој не го видел инцидентот. Сепак, Канаѓанецот го забележа и му пристапи на судијата, барајќи од него да го прегледа видеото. Според правилата, тоа не е дозволено, а судијата, а потоа и супервизорот повикан од Оже-Алијасим, стриктно се придржуваа до ригидните правила.

На оваа ситуација реагираше најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој повика на превенција на вакви грешки во иднина.

„Срамота е што немаме видео реприза за вакви ситуации на теренот. Уште посмешно е што немаме правило кое ќе им дозволи на судиите да ја променат првичната одлука врз основа на видео преглед што се случува надвор од теренот!“, напиша српскиот ас на Твитер.

Сопственикот на 24 гренслем титули истакна дека е неприфатливо сите да знаат што се случило освен самите играчи на теренот.

„Сите кои гледаат телевизија гледаат што се случило бидејќи имаат забавена снимка, а играчите на теренот се во „мрак“ и не го знаат исходот. Имаме „Око соклово“ за линиите, живееме во технолошки напреден 21 век! Ве молам, почитувани луѓе од ATП тур, погрижете се оваа глупост никогаш повеќе да не се повтори“, потенцираше Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести