Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ, е најзаслужен што репрезентацијата на Србија игра во полуфиналето на Дејвис купот.
На пресметката на Србија со Казахстан, Ѓоковиќ најпрвин го доби својот сингл меч против Бублик, а вечерва во решавачкиот меч, популарниот Ноле во пар со Никола Чачиќ успеаја да слават во дубл против Голубев и Недовјесов со 2-1 во сетови.
Во полуфиналето во Мадрид, Србите ќе имаат дерби-дуел со Хрватска. Во другото полуфинале е Германија, која чека дали противник ќе им биде Русија или Шведска.