Српската тенисерка Наталија Стевановиќ имала средба со Новак Ѓоковиќ и тоа во еден многу емотивно тежок момент за неа, веднаш после поразот од Петра Квитова, и девојката од Ниш која на почетоците на кариерата тренираше во Скопје и Македонија ја сака како нејзина втора татковина, раскажа како одела средбата.
Стевановиќ преку неколку квалификациски кола се проби до главниот турнир на Вимблдон, ова беше нејзино деби на овој славен грен-слем, и стигна до третото коло. Беше запрена од деветтата носителка и ланска финалистка, Петра Квитова, но даде силен отпор против Чехинката.
Наталија (моментно е 225-та) после Вимблдон ќе има скок од над 80 места на ВТА листата и ќе биде меѓу најдобрите 150 тенисерки на светот.
„Солзите ми течеа како дожд. Реков каде ме најде баш сега? Само што загубив и седнав на велосипед, а тој дојде и ми рече Браво. Мене веќе ми речат солзи и му реков Леле Ноле. Тој ме тешеше, ми велеше Добро е, добро е. Тоа беа солзи радосници дека публиката ме понесе, добив овации. На крај се прегрнавме, ми рече дека сум добра, ми посака среќа. Знам дека тој води сметка за енергијата и психичката состојба, а има и емпатија, сигурна сум дека му беше жал. Не сакам да влезам во неговиот енергетски простор, му реков дека не сум тажна, а се наежив што тој беше тука кога најмногу ми требаше прегратка“ – вели Наталија.