32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за поразот од Италија во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Србија не успеа да обезбеди пласман во финалето на Дејвис купот, откако денеска со 2-1 загуби од Италија во полуфиналето и тоа поради двата порази на Новак Ѓоковиќ.

Клучен за триумфот на Италијанците беше Јаник Синер кој денеска двапати го победи Ѓоковиќ. Синер прво славеше во сингл дуелот со кој Италија израмни на 1-1 во победи, а потоа заедно со Лоренцо Сонего беа подобри од Ѓоковиќ и Кецмановиќ во одлучувачкиот дуел во игра на двојки.

Ова е првпат по 2011 година Ѓоковиќ да загуби во меч во Дејвис купот. Последен кој го совладал Новак е Хуан Мартин дел Потро.

Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за поразот од Италијанците.
„И честитам на Италија, заслужи да игра во финалето, посебно Јаник. Лично за мене, ова е големо разочарување. Ја преземам одговорноста поради трите меч топки“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести